Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе поднесе жалба до Апелациониот суд за куќниот притвор на осомничениот Горан Грујоски.
СЈО бара началникот на Петтата управа во МВР да остане во притворското одделение во Шутка, а не да биде пуштен во куќен притвор, како што вчера одлучи Кривичниот совет по жалбата на адвокатите на Грујоски.
Кривичниот суд соопшти дека ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, уште двајца началници од УБК и еден архивар во среда треба да се појават на распит кај судија на претходна постапка, кој ќе треба да одлучи дали ќе им го одземе пасошот и дали ќе им бидат определени и други мерки на претпазливост.