38
Многу скоро ќе направиме ревизија на бројни универзитети и како што секогаш сум истакнувала, тие што работат спротивно на законот, нема да можат да постојат и понатаму, додека тие што работат легално и продуцираат квалитетен кадар да не се плашат и понатаму ќе можат да работат, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска во интервју за МРТВ.
Рече дека горлив проблем во државата се и големиот број на факултети, универзитети и премногу студиски програми со многу малку студенти.