312
Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ во гостување на Сител изјави дека претстојната статистичка операција нема да ја отслика реалната состојба.
„Пописот треба да биде соодветен на реалноста. Ако имаме можност да споредуваме податоци од различни дата бази, за што се залагам, тогаш немаме потреба да правиме физички попис, овој хибрид кој не ми е јасно зошто се случува навистина буди сомнеж. Секој треба да се праша дали во една земја како Македонија, со Рамковен договор, не постои попис во политичка конотација“, изјави Јаневска.