Јаневска: За долгот кон ЈСП ќе одиме на суд

од Илинка Илиоска
146 прегледи

„Точно е дека стигнаа фактури за наплата на огромни средства за кои Град Скопје тврди дека треба да ги исплатиме. Ние спогодба ниту со ЈСП ниту со Град Скопје немаме и јас како министер немам основа врз која би ги исплатила тие средства. Доколку не се најде поинакво решение ние како министерство ќе мора да одиме на суд, а тоа така и ќе биде. Ниту јас ниту оваа Влада беше таа која ветуваше бесплатен превоз за сите. И ние за бесплатниот превоз за сите не можеме да одговараме“, изјави министерката за образование Весна Јаневска во одговор на новинрско прашање како ќе се плати долгот што МОН го има кон ЈСП за бесплатниот превоз на студентите.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчера изјави дека побарала од Владата да го исплати долгот од 8 милиони евра кон ЈСП за бесплатниот превоз на студентите, којшто од 2021 година наваму не се исплаќа.сплаќа.

Слични содржини