Јаневски: Да дадеме попусти во хотели и ресторани за српските државјани

од Andreja Salpe
544 прегледи

Вчера преку фејсбук пост, директорот на Агенцијата за туризам ги повика туристичко – угостителскиот сектор и општините да овозможат попусти за српските туристи.

Тој предлага бесплатни влезници за сите музеи, бесплатен паркинг во сите градови, попуст во сите угостителски објекти, попуст во сместувачките капацитети и брз трансвер на граничните премини за српските туристи кои ќе дојдат во земјава.

„Туризмот не познава државни граници, туку дестинации кои се протегаат до каде имаат интерес туристите да посетуваат одредени атракции. Многупати сум потенцирал дека целиот Балкан преставува една туристичка дестинација и во овие тешки времиња сме си потребни едни на други како никогаш досега за да спасиме животи, туризмот и економиите на нашите земји. Затоа почитта, разбирањето и солидарноста треба да биде најголем чин во ова време – невреме кое се надвиснало над сите ,а мислата на мајка Тереза да не води напред. Не сме сите створени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.Бидејки подадената рака во тешките моменти никогаш не треба да биде заборавена!“, напиша Јаневски на неговиот фејсбук профил.

Слични содржини