На покана за заедничка кафе средба на кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од Движењето Одлучно за промени Љупчо Јаневски, до сите кандидати за градоначалници во Ѓорче Петров, денес се одбележа почетокот на кампањата. На средбата Љупчо Јаневски, Александар Наумовски и Александар Стојковски се обврзаа дека Ѓорче Петров ќе биде пример за фер и демократски избори.
На овие избори граѓаните ќе имаат можност да направат сопствен избор, да изберат програма и градоначалник кој најдобро ќе ги претставува нивните интереси во Ѓорче Петров. Вакви почетоци на кампања треба да прераснат во една традиција, Ѓорче Петров претставува другарство пред политичко ривалство.