Јаневски: Македонскиот туристички сектор забележува пад во годината кога домашните туристи доминираа во нашите дестинации

637 прегледи

„Ако сакаме да ги опишеме состојбите во туристичкиот сектор во 2020 година тоа би го направил со споделување на повеќе статистички податоци односно – помала посета  од една милијарда туристи во Европа со пад од 68%  за 2020 година. Воздушниот сообраќај  загуби  56 милијарди долари  ограничувајки ги летовите на само 10% споредбено од 2019 година и со губење на повеќе од 190000 работни места враќајки се во состојба од пред триесет години односно 1990 година .  Македонскиот туристички сектор  забележува пад  од 60,8% туристи и 48% остварени ноќевања во годината кога домашните туристи доминираа во нашите дестинации. Воедно според  мене  во  годината која замина поради падемијата која не затекна и рестрикциите кои ни ги наложи, немаше можност да имаме туризам туку функционирање на секторот под протоколи и прилагодување со моменталната состојба во дестинациите со САРС ков 2 вирусот“, вели во разговор за „Локално“, директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Љупчо Јаневски.

Како што посочува Јаневски, кога ќе ја сумираме годината која е зад нас Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот беше на висината од својата задача создавајки го кординативното тело во туризмот во кое членуваа сите комори, асоцијации и здруженија,  носејќи ги заедно сите четири сетови на мерки за помош во туризмот и фондот за туризам во кој влеа 58 милиони денари од својот буџет.  Агенцијата ја отпочна кампањата #домасиедома  заедно со  ИМЕ Програмата на Швајцарската амбасада израснувајки  во досега најуспешната туристичка кампања за домашни туристи. Отворање на зелени коридори со Србија, Косово и Албанија за брз трансвер на патници овозможувајки повеќе туристички посети и градење на можности за вклучување на повеќе земји од балканот.

Според Јаневски, руралните средини и местата во природа, забележаа раст на домашни туристи, токму поради фактот дека беа ограничувањата на патувања и влез на туристи во нашата земја поради пандемијата од Ковид 19.

Во однос на зимските ски центри  Маврово, Попова Шапка, Крупево и Пелистер, истите како што посочува во разговорот Јаневски, функционираат под посебни протоколи и се исполнети до крајот на месец  јануари. Првиот викенд од оваа година е забележана најголемата продажба на ски билети во Попова Шапка за последните три години, а се очекува и пуштање во употреба на новиот шесто-сед што ќе овозможи повеќе скијачи на терените и гости од регионот. Овие можности треба да се искористат со поголеми вложувања во македонските ски центри и нивна модернизација со што ќе станат повеќе конкурентни на регионалните привлекувајки неколку пати поголем број на туристи.

Но она што не смее да се занемари е тоа дека пандемијата ги покажа и слабите страни на македонскиот туристички сектор кој низ годините се базирална квантитет и висока сезоналност занемарувајки ја латералноста и рамномерниот развој на дестинациите. Малите вложувања во развојот на руралниот, екотуризмот, националните паркови, новите атракции и алтернативните форми на туристички понуди создаваат неможност во вакви услови да се менаџира со дестинациите поради преголем број на туристи .

„По многу нешта во 2021 година планираме мудро, со повеќе искуства од предходната таргетирајки го регионот како примарен пазар од кој очекуваме гости од полскиот,турскиот и холандскиот пазар во зависност од можноста и ограничувањата на патувања. Оваа година ќе биде во знакот на трката со вакцинацијата и отпочнување на економското заздравување и очекувам минусот во туристичкиот сектор кај нас да биде помал од 2020 година“, додава Јаневски.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе продолжи со кампањата #домасиедома, активно ќе учествува со промоцијата на Македонија како туристичка дестинација, #alliNMacedonia со 100% online промоција, социјални медиуми, блогери, влогери , 360 видео материјали и учество на најпрестижните саемски манифестации за туризам.  Создавање на фото брошура преку која ќе се прикажат најубавите фотографии на туристите кои не’ посетиле и ги спорелиле на социјалните медиуми, повеќе електронски изданија „ Скопје градот на солидарноста“, педесет најпосетувани музеи во Македонија  и проекти кои ќе откријат нови атракции и овозможат туристички валоризации на 10 најпосетувани врвови од туристите.

Слични содржини