Јаневски не сака да ја напушти АППТ, бара соодветно решение за туристичко-угостителскиот сектор

525 прегледи

Туристичко-угостителскиот сектор уште еднаш едногласно побара смена на директорот на Агенцијата за промоција на туризмот, Љупчо Јаневски.

Од друга страна пак, Јаневски оддржа прес-конференција на која ги соопшти резултатите од сработеното во првите десет месеци од годинава, најавувајќи ги и активностите за 2021. година.

Затоа понеделник, 23. ноември, е закажана седница на Координативното тело за туризам во кое членуваат сите засегнати страни, а како што соопшти директорот на АППТ, Јаневски, на седницата ќе бидат изнесени нови предлог-мерки за ублажување на ударот од корона пандемијата во туризмот.

„Агенцијата прва во регионот создаде Координативно тело, на нејзино барање, во кое учествуваат и членуваат сите засегнати страни од труизмот. Со здруженијата, асоцијациите и коморите работиме заеднички на донесување на сите можни мерки, предложени од нивна страна, за ублажување на кризата. Сите четири сегменти и сетови мерки беа донесени по барање на коморите. Покрај соработката и отвореноста, АППТ секогаш работи со аргументи, статистики и постигнувања“, истакна Јаневски во врска со барањето за негова смена.

Додека траат несогласувањата, статистиката бележи драстичен пад во туризмот. Во периодот јануари – септември бројот на туристите е намален за 60,4%. Земјава ја посетиле 83,8% помалку странски гости во однос на периодот јануари ‒ септември 2019, а пад има и кај домашните туристи за 20,7 проценти. Бројот на ноќевањата е намален за 46,3% – кај домашните туристи за 14,1, а кај странските за 84%.

Слични содржини