Јаневски: Повеќе членови на исто семејство може да добијат ваучер за летување од 6.000 денари

од Aleksandar Petrovski

Секој поединец кој ги исполнува условите за добивање ваучер за летување во Македонија може да ја добие најавената владина помош во висина од 6.000 денари, плус 3.000 денари платежна картичка, без разлика дали станува збор за членови од исто семејство, рече првиот човек на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Љупчо Јаневски, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат.

Како што кажа тој, ваучерите, во износ од 6.000 денари ќе може да се искористат само во категоризирани сместувачки капацитети и хотели.

-Мерката ќе може да ја искористат сите што се категоризирани хотели и приватни сместувачки капацитети коишто се категоризирани од страна на општините- рече Јаневски.

Слични содржини