Јанез Јанша беше на концертот на Томпсон во Загреб, па предизвика гнев во Словенија

од desk2
34 прегледи

Јанез Јанша, поранешниот премиер на Словенија и моментално водач на словенечката опозиција, беше еден од низата политичари на масовно посетениот концерт на хрватскиот музичар-ултрадесничар Марко Перковиќ – Томпсон во Загреб во саботата и предизвика остри реакции во словенечката јавност.

На концертот, на кој имало – според организаторот – 504.000 луѓе, присуствувале и бројни хрватски политичари. На генералната проба на концертот дојдоа и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и хрватските министри за внатрешни работи и за одбрана.

Фотографијата со брачната двојка Јанша што ја објави на својот профил Велимир Бујанец, кој се поврзува со неоусташтвото во Хрватска, предизвика бројни критики и осуди. Јанша е лидер на Словенечката демократска партија (СДС). Освен него, на концертот на Томпсон бил и Бранко Гримс, европратеник од редовите на СДС.

Присуството на словенечките политичари на концертот на кој многу посетители носеле усташки симболи за словенечка „Левица“ е срам за Словенија.

„Присуството на Јанша на концерт на кој се величи усташкото движење е срам за Словенија. Концентрацискиот логор со кој во текот на војната управувал усташкиот режим бил особено брутален дури и по стандардите на Втората светска војна. Несфатливо е и нашите „родољуби“ да присуствуваат на концертот, иако меѓу жртвите на усташите имало и Словенци. Не ја признавале нашата нација и сонувале за Голема Хрватска, а во текот на војната окупирале дел од Бела Крајина и убивале словенечки свештеници во Јасеновац“, порачува, меѓу другото, Левица.

Се огласи и Институт „8 Март“, предупредувајќи дека не станува збор за обичен концерт:

„На Томпсоновите концерти сите се „за дом спремни“ се виорат знамиња на Независна држава Хрватска, марионетска држава на нацистичка Германија, и сѐ повеќе има слики што треба да останат во минатото. И во таа маса луѓе обединети во идејата што пред речии 80 години предизвика крварење во Европа, Јанша е и во друштво на проусташки ТВ водител“, се вели во реакцијата.

Велимир Бујанец е телевизиски водител кого го поврзуваат со величење на нацизмот и усташкото движење. Пред повеќе години, осамна фотографија од него во германска нацистичка униформа.