Јанковиќ до кризниот штаб: Ставете точка на овие приказни за колективен имунитет, одговорот е НЕ!

од Stefanija Kuzmanovska
133 прегледи

Кризниот штаб на Србија им се обрати на граѓаните на прес-конференција и во таа прилика ги претстави најновите податоци за коронавирусот во државата.

Говорејќи за наводите за колективниот имунитет, за што многу се зборуваше во претходниот период, имунологот Срџа Јанковиќ вели:

„Кај многу инфекции, особено респираторни слични на Ковид-19, постои очекување дека ќе се изгради колективен имунитет“, објаснува тој.

„За жал, кај оваа болест, токму затоа што станува збор за нов вирус, не можеме да кажеме до кој степен можеме да се потпреме на тоа. Јас би сакал кризниот штаб да стави крај на прашањето дали можеме да се потпреме на колективен имунитет, со одговор НЕ“, заклучува Јанковиќ.