Премиерот Груевски вчера во попладневните часови свикал седница со министрите од неговиот кабинет, велат извори на Либертас од владата.На седницата биле и министерката Гордана Јанкулоска и министерот Зоран Ставрески чија снимка од телефонски разговор објави опозицискиот лидер Зоран Заев. Либертас тврди дека Ставрески молчел и бил видно нерасположен а Јанкулоска имала натажена фаца.
Највознемирена по обелоденувањето дека биле прислушкувани и министрите, наводно била министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.
Истиот извор тврди дека на седницата воопшто и не зборувале за обелоденувањето на аферата, но впечатокот кај министрите бил дека премиерот ги викнал сакајќи да види дали и колку се лути и дали се уште ја има нивната подршка.
Ве потсетуваме и на најатрактивната снимка од вчерашниот прес на Заев, таа на министрите Ставрески и Јанкулоска.
