Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, нема намера да даде оставка, затоа што како што рече, таа може да се бара само преку институциите.
„Лидерот на СДСМ, Зоран Заев се обидува да создаде нешто што не коренспондира со реалноста“, рече министерката за внатрешни работи.
Таа истакна дека лидерот на СДСМ, Заев е осомничен за тешки кривични дела и врши притисок со незаконски материјали.
