Премиерите на земјите од Вишеградската група денеска ќе ја посетат Словенија за да разговараат за приоритетите на словенечкото претседателство со ЕУ, Конференцијата за иднината на Европа и Западен Балкан.
Премиерот Јанез Јанша, кој ќе биде домаќин на неговиот чешки колега Андреј Бабиш, Унгарецот Виктор Орбан, Полјакот Матеуш Моравиецки и Словакот Едуард Хегер, денеска изјави дека Словенија со години тесно соработува со Вишеградската група и ги споделува интересите што произлегуваат од членството во ЕУ, географски локација и сличното ниво на економски развој, известува СТА.
Со оглед на тоа што Словенија во моментов е претседател на Советот на ЕУ, разговорите најверојатно ќе се осврнат на постапката според членот 7 од Договорот за Европската унија инициран против Унгарија и Полска, што беше најавен од министерот за надворешни работи, Анже Логар, оваа недела.