На 26 април, премиерот на Словенија, Јанез Јанша, на Твитер ѝ го честиташе роденденот на поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп. Весна Пешиќ наскоро се надоврза на тој твит со коментарот: „Каков кретен!“.
Јанша накратко напиша „Среќен роденден“ на Твитер и ја означи поранешната прва дама на САД, а потоа се огласи Весна Пешиќ, поранешната претседателка на Граѓанскиот сојуз на Србија (ГСС). Нејзиниот коментар беше краток: „Каков кретен!“.
Поранешниот директор на Фондот за отворено општество, Милан Антонијевиќ, ја сподели оваа преписка со своите следбеници со описот: „Нон-пејперот на Весна за Јанша“.
Vesnin nonpaper za Janšu ❤️❤️❤️ @vestoma_Tomy pic.twitter.com/dw9tKR13xo
— Milan Antonijević (@AntonMilan) April 28, 2021
Станува збор за документ кој неодамна се појави во јавноста, и кој предвидува прекројување на границите на Балканот. Се тврди дека словенечкиот премиер Јанез Јанша стои зад документот, а потоа содржината на уште еден „нон-пејпер“ ја објави приштинската „Коха диторе“.