Повикани да дадат предлог за име на новородено мајмунче, посетителите на јапонска зоолошка го избраа името “Шарлот” во чест на новородената принцеза на Кембриџ.
Веднаш сепак следеше и бран протести на луѓе кои го сметале тоа за навредливо и така зоолошката мораше брзо да одлучи дали да го смени името на малиот макаки. Управата објасни дека посетителите имаат право да предложат какво и да било име и така Шарлот има заработено со 59 гласа од вкупно 853. Интересно е дека изборот на име траеше неколку дена и до пред кралското семејство да го објави изборот на име за принцезата на Кембриџ, немало ниту еден предлог за “Шарлот”.
Во зоолошката градина Кјушу е традиција да сакаат посетителите да го крстат првиот макаки роден во новата година. На прашањето дали името на малиот макаки треба да биде сменето, кој управата на зоолошката градина прописно го испрати на амбасадата на Велика Британија во САД, дипломатската мисија молчи.