Јапонец осуден на 10 години затвор поради снимање на протест во Мјанмар

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

Судот во Мјанмар, со кој владее воената хунта, осуди јапонски документарен режисер на 10 години затвор за поттикнување бунт и кршење на законите за информации, изјави денеска претставник на јапонското министерство за надворешни работи.

Тору Кубота (26) беше уапсен во јули, кога снимаше протест во најголемиот град во Мјанмар, Јангон, пренесува „Ројтерс“.

Тору Кубота во средата беше осуден на три години затвор за поттикнување и на седум години за кршење на законот за телекомуникации, а казните ќе бидат издржани истовремено, изјави заменик-шефот на мисијата во јапонската амбасада.

Слични содржини