186
Јапонија побара од Русија да не одржува вежби во областа околу спорните северни острови меѓу двете земји, каде Москва планира да одржи воени вежби.
Ова во четвртокот го соопшти портпаролот на јапонската влада.
Јапонија ги нарекува јужните Курилски острови Северни територии и смета дека неколку острови ѝ припаѓаат.
Станува збор за територијален спор кој датира од крајот на Втората светска војна, кога советските трупи ги зазедоа островите од Јапонија, потсетува „Ројтерс“.
„Вложивме цврст приговор, а тоа е дека Северните територии треба да бидат изземени од вежбите“, рече заменик-началникот на кабинетот на јапонската влада, Јошихико Исозаки.