Јапонија планирала да испрати космички апарат на Месечината во април 2018 година. Ако тоа се случи, тоа ќе биде четврта земја која ќе реализира мисија на Месечината, по Русија, САД и Кина, јави АФП.
Апаратот SLIM (Smart Lander for Investigating Moon) ќе биде пуштен со помош на создадената во 2013 година ракета Epsilon. Вредноста на програмата е 126 милиони долари. Јапонската агенција за вселенски истражувања ќе го побара потребното финансирање од владата. По испраќањето на овој апарат на Месечината Заводот планира да се фокусира на проучувањето на Марс.
За време на својата мисија на сателити на Земјата Јапонците планираат да ги искористат искуствата стекнати за време на реализацијата на програмите Hayabusa («Сокол») и Hayabusa-2 за истражување на астероидите. Првиот проект заврши во 2010 година, а втората мисија започна на 3 декември 2014 година, кога ракетниот носач Н-2i беше истрелан од космодромот Танэгасима во јужниот дел на земјата.Јапонија има искуство и од експлоатацијата на сателити на месечината Kaguya која направи бројни висококвалитетни фотографии на површината на небесното тело. Мисијата на Kaguya заврши на 10 јуни 2009 година.