Јапонија ја произведува вакцината АстраЗенека за сопствени потреби

од Nikola Popovski
156 прегледи

Повеќе од 90 милиони дози вакцина против Ковид-19 на „АстраЗенека“ ќе бидат произведени во Јапонија преку договор за лиценца со јапонска фармацевтска компанија, соопштија денеска официјалните лица.

Тоа, како што наведоа, ќе опфати три четвртини од залихите што англиско-шведската компанија ќе и ги достави на Јапонија, а се очекува преостанатите 30 милиони дози да бидат увезени до март.

„Според веќе постигнатиот договор, АстраЗенека вети дека ќе и испорача 120 милиони дози на Јапонија“, изјави јапонскиот службеник Катсунобу Като, нагласувајќи дека е многу важно да се започне со производство во таа земја, пренесува АП.

АстраЗенека потпиша договор за лиценца со јапонската компанија JCR Pharmaceuticals, лоцирана во префектурата Хјого на западот на земјата.

Ова беше објавено во време кога се подготвува имунизација во Јапонија на крајот на февруари, а земјата се очекува да ја одобри вакцината Фајзер.

Јапонија соопшти дека обезбедила повеќе дози на вакцини од тројца добавувачи.

Делумна вонредна состојба е во сила во таа земја до 7 февруари, а од почетокот на епидемијата се пријавени 375.607 случаи на коронавирус и 5.361 смртни случаи, пренесуваат светските медиуми.

Слични содржини