279
Министерството за надворешни работи на Јапонија денеска објави проширена листа на нови санкции кои претходно ги објави јапонскиот премиер Фумио Кишида.
Санкциите, кои предвидуваат замрзнување на имот, погодија повеќе од 130 лица, меѓу кои и рускиот премиер Михаил Мишустин, заменик-секретарот на Советот за безбедност Рашид Нургалиев и лидерите на самопрогласените ЛНР и ДНР, пренесе ТАСС.
Јапонија, исто така, воведе дополнителни извозни санкции и ја прошири листата на компании за кои верува дека се поврзани со одбранбената индустрија.