Јапонија ја удвојува финансиската помош за Украина

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Јапонија ќе ја удвои финансиската помош за Украина на 600 милиони долари во координација со Светската банка, со цел на краток рок да ги реши економските проблеми во таа земја, изјави денеска премиерот Фумио Кишида.

„Добивме повици за краткорочна финансиска поддршка за украинската страна, бидејќи фискалната ситуација се влоши поради руската инвазија“, изјави Кишида за новинарите во Токио.

Јапонија веќе одобри 300 милиони долари помош за Украина во април.

Слични содржини