Јапонија ќе воведе санкции против Путин и ќе го блокира пристапот на одредени руски банки до SWIFT

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Јапонија ќе им се придружи на САД и другите западни земји во блокирањето на пристапот на одредени руски банки до SWIFT.

Ова денеска го изјави јапонскиот премиер Фумио Кишида, пренесува Ројтерс.

Кишида рече пред новинарите дека Токио исто така ќе воведе санкции за рускиот претседател Владимир Путин и ќе испрати 100 милиони долари итна хуманитарна помош за Украина.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен синоќа изјави дека САД, Франција, Германија, Италија, Канада и Обединетото Кралство одлучиле да воведат дополнителни санкции против Москва, вклучително и исклучување на голем број руски банки од глобалниот меѓубанкарски комуникациски систем – SWIFT.

Слични содржини