Јапонија нуди ново изненадување за љубителите на чоколадо.
Компанијата производител на чоколадни десерти “Кит Кат” соопшти дека ќе лансира нова лимитирана серија на омиленото лакомство – “Кит Кат” во златна школка.
Десертчето ќе чини 2016 јени (16 долари) за едно стапче и од него ќе има само 500 примероци, кои ќе се продаваат во специјализирани бутици за чоколадо, соопштува АФП.
До сега во Јапонија биле произведени повеќе од 200 различни видови на “Кит Кат” со секакви вкусови – од јагода во зелен чај до Васаби. Според портпаролката на компанијата производител Мелани Рент корисниците во земјата се навикнати на разновидноста на “Кит Кат”.
“Ние направивме еден луксузен производ”, рече Рент за десертот. “Тоа не е нешто што човек го памети од детството. Тоа е посебен настан, со кој ќе се означи крајот на годината “, додаде таа.
Во моментов на различни места во земјата се нудат околу 30 различни видови “Кит Кат”, меѓу кои пудинг и слатки компири.