Доста и ви е од тоа што вашиот паметен телефон мора да е валкан? Јапонска компанија има идеално решение.
Од другата недела на пазарот во земјата ќе биде пуштен паметен телефон кој не само што e водоотпорен, но може да биде миен со течен сапун и плакнење. Водоотпорните телефони се на пазарот во светот веќе некое време, но поставувањето на телекомот KDDI – “Digno rafre” е иновација.
Од компанијата сепак прецизираат дека има само одреден вид течни сапуни, кои би можеле да се користат на нивниот производ. “Нашиот истражувачки тим го изми смартфонот повеќе од 700 пати, за да се види неговата отпорност”, изјави портпаролот на компанијата. Во онлајн рекламирањето на апаратот мало дете испушта телефон над чинија со храна. Мајка му без грижа зема апаратот и го мие со сапун под млаз вода.
Според портпаролот на компанијата “Digno rafre” е насочен токму кон родители со мали деца кои се загрижени дека телефонот ќе им се извалка. Смартфонот ќе чини 21 600 јени (175 долари) и за сега ќе се продава исклучиво на јапонскиот пазар.