Јапонија во средата им оддаде почит на жртвите од атомската бомба фрлена врз градот Нагасаки пред 78 години, повикувајќи ги земјите да се откажат од нуклеарното оружје.
Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки истакнал дека државите што поседуваат нуклеарно оружје треба „храбро“ да го отфрлат оружјето.
Ваква порака градоначалникот упати на комеморацијата, која беше многу помала од вообичаеното откако Јапонија се соочува со појавата на голем тајфун.
Токму поради тајфунот Кануна, кој носи обилни дождови и силен ветер, на комеморацијата не присуствувале гости од Јапонија и странство, меѓу кои и премиерот Фумио Кишида.
За првпат од 1963 година, комеморацијата на жртвите не се одржа во Паркот на мирот Нагасаки, туку во салата за изложба.
Japan is set to commemorate on August 6 and 9 the 78th anniversary of the atomic bombings of Hiroshima and Nagasaki, respectively, which vaporized lives and flattened the cities instantaneously pic.twitter.com/iQHuynOcNO
— Reuters (@Reuters) August 4, 2023
На церемонијата во 11:02 часот беше одржано едноминутно молчење за жртвите, во спомен на 9 август 1945 година, кога „дебелиот човек“, како што ја нарекоа атомската бомба, беше фрлен и експлодира над Нагасаки.
Само во градот Нагасаки 70.000 луѓе загинаа директно од експлозијата, а 75.000 други беа повредени.
Три дена претходно, САД фрлија атомска бомба и го уништија градот Хирошима.