Јапонија: Најстариот дипломец во светот има 96 години

од Vladimir Zorba
83 прегледи

 

Јапонецот Шигеми Хирата (96) стана најстариот дипломец во светот и влезе во Гинисовата книга на рекорди. b_160604083

Жителот на јапонскиот град Такаматску се запишал на Универзитет во Кјото во 2005 година, кога одлучил да изучува поезија, а да стаса до дипломата му биле потребни 11 години.

Тој изјави дека следна цел му е да доживее сто години, пренесуваат јапонските медиуми.

– Ако бидам во добра форма, ќе размислам дали да продолжам со учењето и да станам магистер, изјави дипломецот пред новинарите во неговиот дом, и го приложи новиот сертификат за Гинисовата книга на рекорди.

Шегеми Хирата е роден на 1 септември 1919 година.