Јапонија: Неприфатливо е раскинувањето на договорите за образовните центри финансирани од Токио во Русија

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Јапонија не може да го прифати рускиот „едностран“ потег да ги раскине договорите за образовните центри финансирани од Токио кои обезбедуваат часови по јапонски јазик, изјави денеска првиот човек на кабинетот на Владата, Јошимаса Хајаши.

Хајаши најави дека Јапонија ќе преземе соодветни мерки, објави Кјодо.

Истовремено, руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Русија е подготвена да ги разгледа иницијативите на Јапонија за продолжување на дијалогот кога тие ќе бидат поддржани од конкретни потези на Токио за, како што се наведува, напуштање на непријателската политика, пренесе РИА Новости.

Слични содржини