198
Јапонската влада денеска одобри дополнителни санкции за 398 лица и 28 организации од Русија, поради инвазијата на Украина, објавено е на веб-страницата на јапонското Министерство за надворешни работи.
Најпогодени од новите мерки беа пратениците на руската Државна дума, а Јапонија воведе и забрана за нови инвестиции во Русија и замрзнување на средствата на „Сбербанк“ и „Алфа-банк“ од 12 мај, пренесе ТАСС.
Како што се прецизира во соопштението на владата, нови инвестиции од Јапонија во Русија од 12 мај ќе може да се реализираат само со посебни дозволи.