Денеска во Нагасаки се одржа церемонија во чест на жртвите од американскиот нуклеарен напад врз Јапонија пред 77 години, во кој загинаа повеќе од 70.000 луѓе, пренесува АП.
Присутните, вклучително и дипломати од нуклеарните сили, одржаа едноминутно молчење во 11:02 часот, моментот кога атомската бомба експлодираше над јужниот јапонски град на 9 август 1945 година.
Градоначалникот на Нагасаки, Томихиса Тауе, во своето обраќање во Паркот на мирот рече дека нуклеарното оружје може да се користи се додека постои, а неговото елиминирање е единствениот начин да се спаси иднината на човештвото.