Јапонија: Пет ракети паднаа во нашиот појас, ова е огромен проблем

од Nikola Popovski
223 прегледи

Кинески балистички ракети, наводно, првпат паднале во јапонската ексклузивна економска зона (ЕЕЗ), изјави јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши.

„Се сомнева дека пет од деветте балистички проектили истрелани од Кина паднале во јапонската ЕЕЗ“, изјави Киши за новинарите.

Кина почна големи воени вежби во водите околу островот Тајван, за што тврди Пекинг, по вчерашната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

„Јапонија испрати протестна нота до Кина преку дипломатски канали“, рече Киши.

Тој го нарече инцидентот „сериозен проблем кој влијае на националната безбедност и безбедноста на граѓаните“. Некои острови во префектурата Окинава на крајниот југ на Јапонија се оддалечени само десетици километри од Тајван.

Јапонија реагираше

Министерот објасни дека ова е првпат кинески балистички ракети да навлезат во јапонската ЕЕЗ.

„Проценката за бројот на истрелани проектили, девет, ја даде Јапонија,“ рече тој.

Во четвртокот Кина ги започна своите најголеми воени вежби околу Тајван како одговор на вчерашната посета на Ненси Пелоси, која одлучи да го посети Тајван и покрај силните предупредувања на Кина да не го прави тоа. Пекинг го смета доаѓањето на висок американски функционер како провокација од Вашингтон, кој на тој начин ја изразува својата поддршка за независноста на Тајван и всушност се откажува од ветувањето дека нема да има официјални односи со островот.

Кина започна серија воени вежби кои вклучуваат вежби со жив оган во шест области околу Тајван, област на трговски коридори со голем сообраќај, од кои некои се на само 20 километри од брегот на Тајван. Воените вежби започнаа во четвртокот напладне по локално време и вклучуваат истрелување на „конвенционални ракети“ во водите во близина на источниот брег на Тајван, изјави Ши Ји, портпарол на кинеската војска.

Слични содржини