177
Јапонија одлучи да пренасочи дел од купениот течен природен гас (LNG) во Европа, откако веќе испловија бродови со одредена количина товар, изјави денеска јапонскиот министер за индустрија Коичи Хагијуда.
Тој наведе дека одлуката за пренасочување на дел од товарните испораки на гас е донесена откако Јапонија обезбедила доволно количества за задоволување на домашните потреби, пренесе Ројтерс.
Хагиџуда, исто така, рече дека Токио добил барања од Соединетите Американски Држави и Европската Унија да обезбеди ваков вид помош, бидејќи тензиите меѓу Украина и Русија и понатаму се високи.
Според него, се очекува испораките на јапонски гас да пристигнат во Европа во текот на февруари и март.