Јапонија се соочува со „катастрофални“ бројки на новозаразени

од Stefanija Kuzmanovska
284 прегледи

Здравствените експерти во Јапонија денеска рекоа дека земјата се соочува со „катастрофален“ број случаи на коронавирус и ја повикаа владата да преземе итни мерки за да го запре растот на инфекциите.

Предупредувањето дојде откако локалните медиуми објавија дека на јавноста ќе ѝ биде забрането да присуствува на Параолимписките игри, кои треба да бидат отворени на 24 август, пренесува „Гардијан“.

Владата и организаторите на Параолимписките игри ќе донесат официјална одлука следната недела.

Јапонските медиуми јавуваат дека на љубителите на спортот ќе им биде забранет пристап до местата во префектурите Токио и Саитама, иако ограничен број публика би можела да присуствува на настаните во префектурата Шизуока, која не граничи со Токио.

Јапонија забележа рекорден број случаи на коронавирус предизвикани од високо преносливиот делта сој, а вчера беа потврдени повеќе од 18.000 случаи на коронавирус во земјата, што го надмина рекордот од 15.812 регистрирани случаи претходниот ден, објави агенцијата Кјодо.

Слични содржини