Јапонија свика виртуелен состанок на Г7, се очекува да учествува и Зеленски

од Stefanija Kuzmanovska
213 прегледи

Лидерите на седумте водечки индустриски развиени демократии (Г7) ќе се соберат на виртуелен состанок со кој ќе претседава Јапонија, објави во средата официјален Токио.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да учествува на состанокот со кој ќе претседава јапонскиот премиер Фумио Кишида, изјави портпаролот на јапонската влада Хироказу Мацуно.

На дневен ред на состанокот ќе бидат руската војна во Украина, конфликтот во Газа и вештачката интелигенција.

Покрај Јапонија, Г7 се состои од Велика Британија, САД, Франција, Италија, Германија и Канада.

Слични содржини