Јапонија упати протест до Русија поради санкционирањето на 13 јапонски бизнисмени

од Nikola Popovski
31 прегледи

Јапонија денеска упати протест до Русија, бидејќи воведе санкции и го ограничи влезот на 13 јапонски бизнисмени, меѓу кои и претседателот на компанијата „Тојота мотор“.

„Одлуката што ја објави Русија ќе ги ограничи легитимните јапонски корпоративни активности и тоа е целосно неприфатливо“, изјавил јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши на прес-конференција во Токио, пренесе Ројтерс.

Руското Министерство за надворешни работи вчера објави список со 13 јапонски државјани, велејќи дека Москва трајно ќе им забрани влез во земјата.

Слични содржини