Јапонија воведе нов пакет санкции против Русија

од Stefanija Kuzmanovska
317 прегледи

Јапонија денеска воведе нов пакет санкции против Русија, вклучувајќи замрзнување на имотот на десетици поединци и групи и забрана за извоз во руски воени организации.

Главниот секретар на јапонската влада Хироказу Мацуно изјави дека воведувањето дополнителни санкции против Русија е во согласност со договорот постигнат на самитот на Групата седум (Г7) за одржување и заострување на санкциите против Москва.

Мацуно истакна дека Јапонија е посветена на соработка со другите членки на Г7 и пошироката меѓународна заедница во, како што наведе, „подобрување на ситуацијата за Украина“, пренесе АП.

Слични содржини