173
Јапонија денеска почна да испушта прочистена радиоактивна вода од уништената нуклеарна централа Фукушима во Тихиот Океан, потег што Кина уште еднаш остро го критикуваше, нарекувајќи го „себичен и неодговорен“.
Испуштањето, кое беше одобрено пред две години од јапонската влада и доби зелено светло од Агенцијата за атомска енергија на Обединетите нации, е клучен чекор во долгиот и тежок процес на деактивирање на нуклеарната централа Фукушима Даичи.
Компанијата Tokyo Electric Power (Tepco), која управува со централата, соопшти дека ослободувањето започнало во 13:03 часот по локално време и дека не откриле неправилности со пумпата или околните објекти.