Јапонија започна да испушта прочистена радиоактивна вода од Фукушима во океанот

од Stefanija Kuzmanovska

Јапонија денеска почна да испушта прочистена радиоактивна вода од уништената нуклеарна централа Фукушима во Тихиот Океан, потег што Кина уште еднаш остро го критикуваше, нарекувајќи го „себичен и неодговорен“.

Испуштањето, кое беше одобрено пред две години од јапонската влада и доби зелено светло од Агенцијата за атомска енергија на Обединетите нации, е клучен чекор во долгиот и тежок процес на деактивирање на нуклеарната централа Фукушима Даичи.

Компанијата Tokyo Electric Power (Tepco), која управува со централата, соопшти дека ослободувањето започнало во 13:03 часот по локално време и дека не откриле неправилности со пумпата или околните објекти.

Слични содржини