Јапонија:Позлатени Киткат чоколади за Божиќ

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Со оглед на тоа дека во Јапонија лудуваат по Киткат чоколадите, компанијата Нестле одлучи за Божиќ на тој пазар да лансира специјална, „позлатена“ верзија на популарниот десерт.

kitkat

Чоколадните вафли ќе бидат прекриени со тенки листови на злато и ќе чинат нешто повеќе од 15 евра, а во продажба ќе бидат пуштени само 500 чоколади.

Нестле, исто така ќе организира и игра на среќа, во која победникот ќе освои Киткат табла од 230 грама злато, вредна 7.500 евра.

На јапонскиот пазар има приближно 200 различни видови на Киткат чоколади.