Јапонската операторка на кол-центар Јурина Ногучи (32) одржа симболична венчавка ова лето со Луна Клаус Вердурa, лик генериран од вештачка интелигенција базиран на ChatGPT и лик од видео игра.
Церемонијата се одржа во Окајама и немаше правно значење, бидејќи јапонскиот закон не признава бракови меѓу луѓе и вештачка интелигенција, објави Euronews.
Ногучи носеше светло розова венчаница и паметни очила со проширена реалност за време на церемонијата, додека нејзиниот „партнер“ беше прикажан преку паметен телефон и дигитални илустрации.

Фото: Принтскрин