Јапонската авијација Itochu Aviation ќе ја прекине својата стратешка соработка со израелскиот производител на оружје Elbit Systems, соопшти финансискиот директор на компанијата укажувајќи на наредбата на Меѓународниот суд на правдата до Израел да го спречи геноцидот врз Палестинците.
Itochu планира да ја прекине соработката откако Меѓународниот суд на правдата на ОН во јануари побара од Израел да ги спречи актите на геноцид врз Палестинците и да вложи повеќе напори за да им помогне на цивилите, наведе главниот финансиски директор на компанијата Itochu, Цујоши Хачимура.
„Партнерството се заснова на барањето на јапонското министерство за одбрана да увезе одбранбена опрема за одбранбените сили, неопходна за безбедноста на Јапонија, и на ниту еден начин не е поврзано со актуелниот конфликт меѓу Израел и Палестина“, нагласи Хачимура на прес-конференција за деловните резултати на компанијата.
Itochu Aviation, Elbit Systems и Nippon Aircraft Supply (NAS) потпишале меморандум за стратешка соработка во март 2023 година, седум месеци пред почетокот на конфликтот во Појасот Газа.