Јапонска вселенска капсула со примероци на астероиди кои би требало да даваат податоци за потеклото на Сончевиот систем и животот на Земјата, успешно слета во оддалечениот дел од ненаселениот дел на Австралија.
Вселенското летало „Хајабуша 2“ денеска лансираше мала капсула од вселената кон Земјата со примероци собрани на површината на далечен астероид, објави АП.
Околу два часа откако капсулата влезе во атмосферата на Земјата и слета во австралиска пустина, беше пронајдена, без поголеми потешкотии, од членовите на јапонската вселенска агенција, пренесе Танјуг.