Јапонски стартап лансираше летечки мотоцикл кој чини 680.000 долари (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
406 прегледи

Јапонски стартап се надева дека ќе ги убеди возачите да ги заменат своите автомобили со летечки мотоцикл од 680.000 долари.

XTurismo Limited Edition, направен од ALI Technologies, излезе во продажба оваа недела.

Гигантот во сферата на електрониката, Mitsubishi и фудбалерот Кеисуке Хонда се меѓу инвеститорите во компанијата со седиште во Токио.

Според ALI Technologies, летечкиот мотоцикл има опсег од 40 минути при брзина до 100 km/h со едно полнење.

Компанијата има за цел да произведе 200 летечки мотоцикли со едноседи, од кои секој тежи 300 килограми, до средината на 2022 година.

Секој од летечките мотоцикли е опремен со конвенционален мотор и четири електромотори.

„Се надеваме дека ќе предложиме нов метод за движење“, изјави извршниот директор на ALI Technologies Даисуке Катано за Би-Би-Си.

Пренаселеноста е голем проблем во Токио, кој има 13,5 милиони жители. Високо-технолошкиот град е најгусто населената метрополитенска област во светот.

Сепак, сегашниот јапонски закон забранува летечки мотоцикли да летаат над прометните патишта во земјата.

Но Катано се надева дека спасувачки тимови ќе ги искористат за да стигнат до недостапни области.

Возилата кои некогаш изгледаа како дел од далечната иднина стануваат се пореални со секоја измината година, изјави Бен Гарднер од Pinsent Masons за Би-Би-Си.

„На крајот на краиштата, постои можност ова возило да се користи и во Велика Британија“, додаде тој.

Летечкиот мотоцикл, исто така, нема да смее да патува по патиштата според сегашното законодавство.

Сепак, Гарднер смета дека фокусот на новите технологии во последните години е сигнал за промена.

„Тековните тестови на технологиите кои се развиваат, како што се автономните автомобили, роботите и беспилотните летала, се нацрт за новите форми на транспорт да се преселат од доменот на научната фантастика и во реалниот свет“, рече тој.

Слични содржини