Јапонскиот премиер вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина во војната против Русија

од Radmila Tasevska
159 прегледи

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Јапонија ќе продолжи да го поддржува Киев, кој се бори да ја истисне Русија од своја територија од февруари 2022 година, јави јапонската новинска агенција Кјодо.

По телефонскиот разговор со украинскиот претседател, Кишида им рече на новинарите дека Зеленски изразил благодарност за помошта на Јапонија и ја осудил руската агресија. Кишида и Зеленски имаа планирана билатерална средба за време на состанокот на НАТО во јули, но поради измени во агендата, таа не се одржа.

Нивниот денешен разговор доаѓа пред самитот на Г-20 следниот месец во Индија, каде Кишида планира да ја повтори со другите лидери важноста од доделување помош на Украина и наметнувањето санкции против Русија. Се очекува и Москва да има свој претставник на средбата.