Јапонските гиганти планираат да се спојат во една холдинг компанија: Што значи ова за пазарот?

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Јапонските производители на автомобили Honda Motor и Nissan Motor наводно планираат да влезат во преговори за спојување за подобра конкуренција во глобалната автомобилска индустрија која брзо се менува, објави јапонскиот весник Nikkei.

Според извештајот, Honda и Nissan ја разгледуваат можноста да работат под холдинг компанија, а наскоро ќе потпишат и меморандум за разбирање. Тие, исто така, планираат на крајот да го вклучат и Mitsubishi Motors во оваа холдинг компанија. Со 24 отсто, Nissan има најголем удел во Mitsubishi Motors.

Според весникот Nikkei, комбинираниот ентитет Nissan-Honda-Mitsubishi би имал годишна продажба од повеќе од 8 милиони возила. Тоа ќе го стави меѓу најголемите светски производители на автомобили, но сепак под јапонската Toyota Motor, која продаде 11,2 милиони возила во 2023 година и германскиот Volkswagen, кој продаде 9,2 милиони минатата година.

Во слични изјави, Honda и Nissan ниту ја потврдија ниту ја демантираа информацијата.

– Извештајот не е објавен од нашата компанија. Како што беше најавено во март оваа година, Honda и Nissan истражуваат различни можности за идна соработка, искористувајќи ги силите на едни со други. За сите новости во соодветно време ќе ги информираме нашите заинтересирани – изјави претставникот на Honda.

Извештајот за спојување доаѓа откако двата јапонски производители на автомобили влегоа во стратешко партнерство оваа година за споделување на автомобилски компоненти и софтвер.

Овој потег ќе биде најголемото спојување во автомобилската индустрија откако Fiat Chrysler и француската PSA Group го формираа Stellantis во јануари 2021 година.

Автоконсултантите и другите експерти неодамна повикаа на повеќе спојувања и превземања за да ги споделат трошоците и подобро да се натпреваруваат против брзорастечките кинески производители на автомобили, како и со американскиот лидер за електрични возила Tesla.

Акциите на Honda на американската берза поскапеа за околу 1 отсто во вторникот. Акциите на Nissan, кој е во процес на реструктуирање, пораснаа за повеќе од 11 отсто, пишува CNBC.

Слични содржини