Јармоленко: Русија е земја на терористи

од Nikola Popovski
182 прегледи

Украинскиот капитен Андриј Јармоленко упати удар кон Русија пред вечерашниот натпревар од Лигата на нации против Шкотска.

Поради нападот на Украина, Русите беа исфрлени од плејофот за Светското првенство во Катар, а неодамна беше објавено дека нивната фудбалска репрезентација нема да може да настапи ниту во квалификациите за ЕП во 2024 година.

Јармоленко апсолутно ги поддржува овие одлуки.

„Моето размислување е прилично едноставно. Рускиот фудбал, рускиот спорт треба да се изолираат. Тоа е земја на терористи, земја која убива Украинци, нашите деца. Спортот не може да се одвои од целата приказна. Сите украински играчи сакаат Русија да биде казнета на сите нивоа“, рече Јармоленко.