Јавниот долг на еврозоната се зголеми од 88,2 отсто од бруто домашниот производ (БДП) во четвртиот квартал од минатата година на 88,7 отсто во првиот квартал од оваа година, објави Евростат.
Нешто попозитивна вест е тоа што дефицитот на еврозоната се намали од четири отсто од БДП во четвртиот квартал од минатата година на 3,2 отсто во првиот квартал од оваа година, пренесува Мина.
Во наведениот период се зголеми и јавниот долг на Европската унија (ЕУ) од 81,5 на 82 отсто од БДП.
Грција и натаму е најзадолжена земја во еврозоната, со вкупен долг од речиси 160 отсто од БДП, но е и земја која најбрзо го отплаќа, со намалување од 2,1 отсто во однос на четвртиот квартал од минатата година. .
На второ место е Италија, со долг од 138 отсто од БДП, додека на трето место е Франција, чиј долг е 111 отсто од БДП.
Значителен квартален раст на јавниот долг е забележан во Белгија и изнесува 3,1 отсто.
Во Франција, земја која политичарите ја следат внимателно поради тековниот период на политичка нестабилност, јавниот долг порасна за 0,9 отсто на квартална основа.