Јавниот превоз под лупа на полицијата: 10 санкции за возила кои вршат превоз на патници во Тетово

од Берта Китинска
210 прегледи

Казни за 10 возила кои вршат јавен превоз на патници на територија на СВР Тетово.

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (10 декември) од 8 до 13 часот спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, во најголем број автобуси и комбиња. При контролата биле откриени и законски санкционирани 10 технички неисправни возила (ТЕ-5 и ГВ-5). Седум од возилата (ТЕ-5 и ГВ-2) имале неисправни сопирачки, 1 (ГВ) истечена регистрација и 2 (ГВ) неизвршен технички преглед.Неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. При контролата, исто така, санкционирани биле и 10 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-4), информираат од МВР.