359
Преку доказите изнесени од одбраната за случајот „Организатори на 27. април“, а поради чување на тајна, за која постои опасност да стане општо позната, јавноста беше исклучена во вториот дел од денешното рочиште. Претходно, во првиот дел, сведочеа двајца сведоци на предлог на одбраната на обвинетиот Владимир Атанасовски.
Писмените докази беа предложени од страна на одбраната на обвинетиот Владимир Атанасовски, за кои се смета дека се класифицирани документи од Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност.