Јавноста шокирана: На суд се читаат вознемирувачки пораки од Џони Деп, Амбер во солзи

од Stefanija Kuzmanovska
407 прегледи

Судењето на поранешните партнери продолжува, а на новото рочиште Амбер Херд плачеше додека јавно се читаше пораката на Џони Деп „Без милост“.

Кога тимот на Херд дојде на ред да го испита Деп, тие внесоа некои од неговите минати СМС пораки како доказ.

Пораките кои шокираа многумина присутни на судењето беа токму тие што Деп наводно ги испратил до Херд. Вклучувајќи ја и онаа испратена на пријател во февруари 2017 година за секс со жена во кој пишуваше: „Ми треба. Сакам. Земам“, Деп тврдеше дека не го напишал тоа и рече дека го испратил некој друг од неговиот телефон или дека пораката е изменета на некој начин.

„Понекогаш им го давате вашиот телефон на луѓето и тие испраќаат пораки од него“, му рекол тој на адвокатот на Амбер, Бен Ротенборн. Друг текст, испратен на 15 август 2016 година, откако Херд поднесе барање за развод и доби забрана поради семејно насилство врз Деп во мај, Деп наводно напишал дека Херд „моли за целосно глобално понижување“ и „дека ќе го добие“.

„Немам милост, немам страв, ни трошка емоции или она што некогаш мислев дека е љубов. Среќен сум што сака да се бори против ова! Силно ќе удри во ѕид! Едвај чекам да исчезне овој отпад од мојот живот!“, стои во една од пораките. Продолжувајќи, Херд во пораката се споменува како „стриптизета од 50 центи“, а понатаму стои: „Не би ја допрел ниту со проклета ракавица. Можам само да се надевам дека кармата ќе ја стигне и ќе ѝ ја одземе дарбата да дише“.

Слични содржини